Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава, изнесувала 42 134 денари, и во однос на октомври лани е повисока за 8.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Kanal5
Реално просечната нето-плата во октомври годинава споредено со ланскиот октомври пораснала за 4,8% Растот на просечната нето-плата, според статистика, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.5 %), Информации и комуникации (10,7 %) и Образование (10,6 %). Најголем раст од 32,5% на просечната нето-плата за период од една година има во областа научно истражување и развој и во тутунската индустрија од 29,4%. Највисока просечна нето- плата во октомври е исплатена во информатината дејност од 78. 426 денари.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (7,5 %), Образование (5 %) и Градежништво (3,1 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2024 година, изнесувала 63.392 денари. Plusinfo