Последната мерка која ја има Владата на располагање е да донесе повторно ограничување или лимитирање на цената, посочи премиерот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски откако дел од трговците ги зголемија цените на основните продукти кои не се дел од новогодишната кошничка.
Утрово разговарав со министерот за економија и труд ( Бесар) Дурмиши, но и претходниве ден-два добивам информации од страна на Државниот пазарен инспекторат дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на она ниво на кое што беа пред овие покачувања. Plusinfo