Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
7
19.62
17.27
1.26/0.90
7.00
2.94
0.42
458.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 7
4 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 297.8
Best clustering variants
4 0.99/0.01 2 297.8
Sitel

Во периодот јануари – ноември 2024 година, пак, во споредба со истиот период од 2023, индустриското прозводство е намалено за 3.8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи опаѓање од 3.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 6.7 %. Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Поправка и инсталирање на машини и опрема. Sitel