Два од шесте лека што недостигаат на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје се очекува да стигнат денеска, а од утре на располагање на Клиниката ќе биде уште еден лек.
Повеќето од пациентите што се третираат на Унивезитетската клиника за радиотерапија и онкологија ја примаат потребната терапија, вели директорот на оваа јавна здравствена установа Игхор Стојковски, а за оние за кои има недостиг во моментот очекува проблемот да се реши во најкраток можен рок.
Два лека од оние што недостасуваа, пристигнаа на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, пациенти се известуваат дека можат да ја примат потребната терапија, потврди за МИА директорот Игор Стојковски.