Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе продолжат акциите со цел да се откријат евентуални злоупотреби од здравствени работници.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот во однос на уставните измени во контекст на продолжување на преговорите со Европската унија, потенцирајќи дека се бара достоинствено решение, а тоа се уставни измени со одложено дејство.
Македонската влада останува на своите позиции дека членството треба да се исполни според постигнувања, не според билатерални спорови, ова вчера го кажа премиерот Христијан Мицкоски, во телевизиско гостување во однос на македонското членство во ЕУ и конечното формирање на политичка влада во Бугарија.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски изјави дека неговото физичко следење од страна на службите додека бил лидер на опозицијата била класична злоупотреба на државните ресурси и дека, како што вели, нема никаква разлика од прислушкувањето преку злоупотреба на државни ресурси за што луѓе лежат во затвор.