Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Граѓаните повторно повикуваат на бојкот на маркетите во петок.
Мотото е „Црн петок за маркетите“.
Мотото на бојкотот е „Црн петок за маркетите“ и со ова се настојува да се прати порака поради зголемувањето на цените.
Првиот бојкот што се одржа минатиот петок беше прилично успешен откако УЈП објави дека прометот на маркетите е преполовен. Skopjeinfo
ТВ 21 разговараше со еден од креаторите на фејсбук страните кои и на 31 јануари повикаа на бојкот.
Вели минатата акција била успешна и повикува на уште помасовен бојкoт на продавниците и овој петок, бидејќи цените не се намалиле. Mk
Од завчера дополнително на социјалните медиуми се шири нов повик за еднонеделен бојкот, но не на сите туку само за двата големи маркети „Тинекс“ и „Веро“.
Се повикуваат граѓаните денеска да се воздржат од купување на производи од овие два маркети додека за петок повторно се најавува бојкот на сите колеми синџири, а истиот е насловен како „Црн петок“ за маркетите. Libertas
Граѓани на социјалните мрежи повторно повикуваат на бојкот на маркетите во петок. Netpress
Граѓаните повторно се мобилизираат против несовесните трговците. Denesen
Управата за јавни приходи објави дека осумте најголеми трговски ланци во петокот, поради бојкотот, имале промет од 114 милиони денари.
За разлика, пак, од четвртокот и претходниот петок кога трговците заработиле речиси двојно поголем промет од околу 213 милиони денари. Telma
Инспекторите на терен ги проверуваат маржите кај производителите, дистрибутерите и маркетите, граѓаните сметаат дека испратиле порака, не мислат дека донесе голем ефект, но треба да се продолжи со бојкотот кој го преполови прометот на маркетите.
Државните инспектори сè уште прават проверки на терен, а поради како што велат, обемната анализа, очекуваат деновиве да излезат со конечни информации дали и колку трговците се придржувале кон цените. Telma
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во 2024 година инвестираше 151 милион евра во 13 проекти во Северна Македонија, насочени кон економскиот и одржливиот раст на земјата.
Во 2024 година, ЕБОР инвестираше ЕУР 151 милиони во земјата.
Угостителските услуги во јануари годинава, во однос на истиот месец од 2024-та, се поскапени за 5.8 %, соопшти Државнито завод за статистика.
Угостителските услуги во јануари годинава, во однос на истиот месец од 2024-та, се поскапени за 5.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Нема договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика, Организација на потрошувачи, како и министерствата за економија и за финансии.
Економско-социјалниот совет не се договори за минималната плата, но падна договор за официјална потрошувачка кошница што ќе ја формираат синдикатите.
Македонија2025 со задоволство ве информира дека е отворен повик за доделување на 20 стипендии за петтиот по ред Охрид камп за високотехнолошка извонредност, предвиден да се одржи од 13-17 јули 2025 година во Охрид.
Македонија2025 отвори повик за доделување 20 стипендии за петтиот по ред Охрид камп за високотехнолошка извонредност, предвиден да се одржи од 13-17 јули 2025 година во Охрид.
Среќен викенд во Велес.
Јануари заврши среќно, а февруари започнува уште посреќно.