Јована Мицовска, членка на скопски „Макпетрол“ како дел од македонската репрезентација освои златен медал на Балканското карате-првенство.
На сениорскиот шампионат што викендов се одржува во Будва, таа во финалето во категоријата до 61 килограм ја совлада Викторија Јовановска, исто така, од „Макпетрол“, со резултат 4-3. Освен злато за Мицовска и сребро за Јовановска, уште еден член на скопската екипа се закити со одличје, односно Ангела Мојсовска освои бронза.