Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска останува на ставот дека Владата ќе прифати онолкава минимална плата во државава колкава што ќе договорат работодавачите и работниците.
Претседателката Гордана Силјановска Давкова, во однос на дебатата помеѓу министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска во тек на пратеничките прашања вели дека во Собранието треба да се мерат зборовите и оти, како што посочува, не е лошо човек да се извини.
Министерката за финасии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска уште еднаш повтори дека за неа веќе е затворено прашањето поврзано со вербалниот судир со пратеничката Славјанка Петровска во Собранието минатиот четврток, но и дека наскоро на сите ќе им биде јасно зошто се случувало тоа.
„Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон една жена, пратеничка во Собранието.