Освен Бугарија, на дното се и Унгарија (707 €), Латвија (740 €), Романија (814 €), Словачка (816 €), Чешка (826 €), Естонија (886 €), Малта (961 €), Грција (968 €) и Хрватска (970 €). Во средниот сегмент – со минимални плати меѓу 1.000 и 1.500 евра – се Кипар (1.000 €), Португалија (1.015 €), Литванија (1.038 €), Полска (1.091 €), Словенија (1.278 €) и Шпанија (1.381 €). Над 1.500 евра минимална плата исплаќаат Франција (1.802 €), Белгија (2.070 €), Германија (2.161 €), Холандија (2.193 €), Ирска (2.282 €) и Луксембург (2.638 €). Според номиналните износи, највисоката минимална плата е дури 4,8 пати поголема од најниската. Iportal