Македонската банкарска асоцијација ја основаше фондацијата „Заедно за едно“ за помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во пожарот во Кочани што се случи на 16 март.
Од МБА информираат дека целта на основањето на Фондацијата е континуирана помош, а средствата ќе бидат наменети исклучиво за помош и поддршка во рехабилитацијата и медицинските третмани поврзани со последиците од пожарот, поддршка на менталното здравје на настраданите и на нивните семејства, како и поддршка во образованието и професионалната реинтеграција на настраданите. Plusinfo