Сто шеесет и еден патник полетаа вечерва од Меѓународниот Аеродром Скопје за каталонската убавица – Барселона, меѓу кои и добитничката на бесплатните авиобилети, а 180 патника – за францускиот град Лион Со диџеј кој пушташе шпанска и француска музика на излезите 201 и 202, на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и со освежителни пијалаци – безалкохолна сангрија, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, вечерва на Меѓународниот Аеродром Скопје ги испрати првите 161 патник кои полетаа за Барселона и првите 180 патника кои се упатија кон францускиот град Лион, означувајќи го почетокот на овие две авиолинии, на кои од денеска, 3-ти мај 2025, редовно ќе лета нискобуџетната авиокомпанија Виз ер. На првиот лет за Барселона, беше и добитничката на двата авиобилети од Виз ер, која беше избрана по случаен избор преку повикот за дарување кој ТАВ Македонија го објави на Инстаграм-страницата и Фејсбук-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Со ова, се исполни повеќегодишното барање за враќање на директната авиоврска меѓу Скопје и каталонската убавица – Барселона, на големо задоволство на сите вљубеници во овој град на уметноста, историјата, архитектурата и спортот. Biznisvesti
„Со ова се исполни повеќегодишното барање за враќање на директната авиоврска меѓу Скопје и Барселона, на големо задоволство на сите вљубеници во овој град на уметноста, историјата, архитектурата и спортот.
Истовремено, благодарение на „Виз ер“, за граѓаните се отвори сосема нова туристичка дестинација од Меѓународниот аеродром Скопје, францускиот град Лион, еден од најголемите гастрономски центри во светот, кој важи за срцето на француската кујна“, наведува ТАВ Македонија. Plusinfo
Истовремено, благодарение на „Виз ер“, за граѓаните се отвори сосема нова туристичка дестинација од Меѓународниот аеродром Скопје, францускиот град Лион, еден од најголемите гастрономски центри во светот, кој важи за срцето на француската кујна, наведува ТАВ Македонија.
Авиобилетите се достапни и може да се резервираат на https://www.wizzair.com/. Sitel