ОДЛУКА ЗА НОВ ГУВЕРНЕР НА 28 МАЈ Собранието ќе решава дали професорот Славески ќе седне на чело на Народната банка Професорот Трајко Славески, кој во моментов ја извршува функцијата претседавач на Советот на Град Скопје, е предложен за гувернер на Народната банка.
Седницата за избор на гувернер на Народната банка е закажана за среда, 28 мај.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го предложи проф. д-р Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка, потврдија вечерва од Кабинетот на претседателот.
Стопанската комора смета дека новиот гувернер Трајко Славески ќе ги исполни очекувањата на бизнисот и дека Народната банка раководена од него ќе продолжи да работи самостојно и професионално.