Премиерот Христијан Мицкоски информира дека Владата, во координација со првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, остварила средба со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи, како и со дел од вработените, со цел да се изнајде решение за исплата на заостанатите плати, кои вработените не ги примиле веќе пет месеци.
Денеска заедно со првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити реализиравме средба со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи и дел од вработените, со цел Владата да изнајде решение за исплата на заостанатите плати на вработените во горенаведениот Инспекторат кои веќе 5 месеци не земале плата, информира премиерот Христијан Мицкоски.