Во рамки на конференцијата беше усвоена и заедничка изјава со која царинските управи ќе се залагаат за зајакнување на царинското партнерство.
Конференцијата е во организација на Царинската управа на Албанија, како домаќини на настанот, заедно со Царинската агенција на Италија, СЕFТА секретаријатот, Проектот SEED + и Транспортната заедница. Republika
Во изминатата година покажавме дека Царинската управа е силно посветена на зајакнување на конкурентноста на македонската економија, подобрување на поврзаноста со регионот преку модернизација и отворање нови гранични премини на коишто посветено работиме, како и имплементација на нови технолошко напредни комуникациски системи.
Ваквата реформска агенда на која сме силно посветени е клучна во градењето отпорно општество и забрзаната интеграција во ЕУ. Ова беше клучната порака од обраќањето на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на втората конференција на високо ниво на генералните директори на Царинските управи на Западен Балкан и земјите членки на ЕУ одржан во Тирана насловен „Партнерство на Царинските управи за Поврзана Европа – Зајакнување на царинската соработка за подобра поврзаност“. Republika