Пред се на нас како Влада ни се интерес граѓаните и нивниот животен стандард, изјави Ристески.
Заменик министерот за економија и труд додаде дека врз основа на тековната анализа, која ја изготвува ДПИ има мало зголемување на цените, а најмногу на кафето и маслото, кои се берзански производи. Kurir
Меѓутоа, сепак за крајна одлука ќе биде известена јавноста, доколку ја има, а тоа ќе ја покаже комплетната анализа, која ќе биде готова во текот на наредната недела – рече Ристески.
Прашан за воените тензии на Блискиот Исток, кои најверојатно ќе се рефлектираат и на берзата на енергенси и дали Владата има план како да се справи со нов енергетски удар, Ристески посочи дека Владата ја следи ситуацијата на светско ниво. Plusinfo
Комплетната анализа на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) за зголемување на цените на прехранбените производи ќе биде готова во текот на наредната недела, најави денеска заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој во Штип одговараше на новинарско прашање, дали веќе работат на мерки за да се намалат цените на прехранбените производи во супер маркетите. Plusinfo