Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки во Македонската банкарска асоцијација ги претстави предлозите за намалување на провизиите коишто ги плаќаат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги. Lokalno
Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки на Македонската банкарска асоцијација (МБА), презентираше сет конкретни предлози за намалување или укинување на надоместоците за платежни услуги што ги плаќаат граѓаните и компаниите. Meta
Покрај приходите од камати на одобрени кредити, овие приходи придонесуваат за високата профитабилност на нашите банки, која мерена според показателот „поврат на сопствениот капитал“, наречен Return on Equity, изнесува во просек околу 20%, а кај некои банки и над тој износ.
Ваквата стапка на поврат на вложениот капитал од страна на акционерите на банките е значително повисока во споредба со другите сектори во нашата економија – вели Славески. Plusinfo
Во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа работна средба помеѓу гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и претставници на членките на Асоцијацијата.
На состанокот, гувернерот ги претстави ставовите и предлозите на централната банка во насока на намалување на трошоците што ги сносат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги. Press24