Во услови на зголемени геополитички превирања, зачленувањето во Европската Унија не е само политички избор, туку стратешка неопходност за зајакнување на европската безбедносна архитектура, оцениле на денешната средба во Даблин, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и државниот министер за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Брн.
Facebook / Orhan Murtezani Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, од денес престојува во работна посета на Ирска, во чии рамки планирани се средби со министерот за европски прашања и одбрана, Томас Брн, како и со членовите на Заедничкиот комитет за европски прашања на ирскиот парламент (Oireachtas). Дискусиите на состаноците ќе опфатат теми за европската перспектива на Македонија и регионот, поддршката од Ирска во процесот на пристапување во Унијата, во светло на претстојното претседавање со Советот на ЕУ, продлабочување на билатералната и институционалната соработка, како и за прашања поврзани со безбедносна политика на ЕУ во контекст на новите геополитички предизвици и политиката на проширување како нивен одговор.