Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети малата галерија „Откритие“ во Скопје, која под водство на невладина организација се посветила на зачувување, документирање и промовирање на богатото минерално наследство на Република Македонија.
Во рамките на посетата, министерката Божиновска нагласи дека македонскиот рубин, единствен по своето потекло и својства, заслужува институционална заштита и признавање како национално богатство. Alfa