Регионалната депонија Русино наскоро ќе добие комплетно нова и современа механизација, откако Министерството за животна средина и просторно планирање денеска го потпиша договорот за нејзина набавка.
Станува збор за инвестиција вредна 1.142.200 евра, како дел од регионалниот проект за управување со цврст отпад, со кој се овозможува набавка на компактор, товарач, трактор со приколка за вода, камион и потребни резервни делови.