Албанија во октомври 2022 година ја напушти претходната одлука за затворање на игрите на среќа Во октомври 2022 година, албанската Влада соопшти дека после четири години откако ги забрани ги враќа игрите на среќа.
Образложението на албанскиот премиер, Еди Рама беше дека после забраната, игрите на среќа продолжиле да се одвиваат на црно и дека повторното легализирање на оваа дејност ќе и помогне на албанската економија во време на енергетска и економска криза. Press24
Според нив игрите на среќа се дел од човечкиот карактер, затоа легални или нелегални играчници имало и ќе ги има секогаш, се’ додека постои цивилизацијата, пишува . Нашата редакција направи една анализа на иницијативи во последните неколку години во различни држави каде се водела иста или слична дебата по прашањето на застапеноста и штетноста на игрите на среќа во нивните општества.
На референдумот одржан на 29 јануари 2023 година, високо мнозинство од 72 проценти од 40-те илјади жители на Лихтенштајн со гласање против ја отфрлија тогашната иницијативата за затворање на нивните казина. Biznisvesti
Македонските приредувачи на различни видови игри на среќа во автомат клубови, казина и обложувалници, здружението на вработени во овој сектор, гласно реагира на усвојувањето нов Предлог закон за игри на среќа од страна на Владата. A1on