Во месецот кога се одбележува Светскиот ден на предвремено родените бебиња, 17 ноември, Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство официјално го пушти во употреба интраклиничкиот транспортен систем за респираторна терапија на новородени, донација од НЛБ Банка, реализирана во рамките на проектот „Свет полн со добрина е свет полн со можности“.
Интраклиничкиот транспортен систем за респираторна терапија на новородени е прв и единствен на државните клиники во земјава со чија употреба значително ќе се подобрат резултатите за време на „златниот час“ - првиот час по раѓањето на новороденчето, транспортната патека и престојот во Одделението за интензивна нега при неонатолошкото одделение. Faktor
Како општествено одговорна компанија, ние сме силно посветени на одржливи проекти, со посебен фокус на организации и институции од јавен карактер кои имаат витална улога и придонесуваат за добробит на заедницата, на што остануваме посветени и во иднина – истакна по повод донацијата Тони Стојановски, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.
Светскиот ден на предвремено родените бебиња се одбележува секоја година на 17 ноември со цел да се подигне свеста за предвременото раѓање и загриженоста на нивните семејства ширум светот. Plusinfo
Во месецот кога се одбележува Светскиот ден на предвремено родените бебиња, 17 ноември, Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство официјално го пушти во употреба интраклиничкиот транспортен систем за респираторна терапија на новородени, донација од НЛБ Банка, реализирана во рамките на проектот „Свет полн со добрина е свет полн со можности“. Faktor