Најплатен менаџер во Германија во 2023 година е првиот човек на „Фолксваген“, Оливер Блуме, кој заработил околу 10,3 милиони евра и покрај кризата што ја зафати автомобилската индустрија во Германија, пишува Дојче веле.
Раководството на Фолксваген и претставниците на работниците ја започнуваат третата рунда преговори за платите, остануваат уште само десет дена да се најде решение пред синдикатите да се заканат дека ќе ја ескалираат борбата со штрајкови во германските фабрики.