Саемот на мебел 2025, настан кој традиционално предизвикува голем интерес, и оваа година, под мотото „Инспирација за секој дом“, подготвува уште побогато доживување за сите обожаватели на дизајнот, ентериерот и мебелот, изјави за МИА извршната директорка на Скопски саем, Даниела Глигоровска.
Според зборовите на Глигоровска, од денес до 30 март, во комплексот „Борис Трајковски“ посетителите ќе имаат прилика да ги разгледаат најновите трендови, да уживаат во широк спектар на мебел и украси, и исто така да искористат големи ексклузивни саемски поволности.