Епитетот најтрофеен е добиен поради најголемиот број освоени медали на сите натпреварувања организирани од националната карате федерација (КФРСМ), Европската (ЕКФ), како и Светската карате федерација (WKF). Во периодот 2001-2025 година, „Макпетрол” на државни првенства освоил вкупно 953 медали – 409 златни, 289 сребрени и 255 бронзени.