Македонија на светската Карате 1 Премиер лига во Каиро, Египет, ќе ја претставуваат репрезентативците Петар Спасеновски (-84 кг) и Стефан Стојановиќ (+84 кг), кои се членови на карате-клубот „Макпетрол”.
Спасеновски e стандарден македонски репрезентативец, повеќекратен европски и светски медалист, додека Стојановиќ минатата година ја заврши како најдоброрангиран на светската ранг листа за У21, со освоен бронзен медал од официјалното Светско првенство за помлади сениори (У21) и златен медал од младинската Светска премиер лига во Венеција, Италија.