Врз основа на член 11 став (7) од Законот за буџети („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 203/22, 76/24 и 272/24), Народната банка на Република Северна Македонија распишуваЈАВЕН ОГЛАСза пријавување на заинтересирани лица за избор на еден (1) предлог – член од Народната банка на Република Северна Македонија во Фискалниот совет1.
ВОВЕДФискалниот совет е независно тело кое врши активности од својот делокруг и надлежност, определени со Законот за буџети („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.203/22, 76/24 и 272/24) и за својата работа одговара пред Собранието на Република Северна Македонија.2. ПРЕДМЕТ НА РАБОТА НА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТСогласно членот 11 од Законот за буџети, Фискалниот совет на независна, објективна и професионална основа, изработува анализи и мислења за:· макроекономските и фискалните претпоставки користени за изработка на Буџетот на државата и фискалната стратегија;· фискалната стратегија, Буџетот на државата, Измената и дополнувањето на Буџетот на државата, Полугодишниот извештај за реализација на буџетот, Завршната сметка на Буџетот и друга документација поднесена пред Собранието на Република Северна Македонија или објавена согласно со Законот за буџети;· фискалните ризици и веројатноста на исполнување на Буџетот на државата и фискалната стратегија;· исполнувањето на фискалните правила од Законот за буџети, како и за ризиците за отстапување од фискалните правила;· настанувањето на исклучителни околности кои водат до привремено отстапување од примената на фискалните правила согласно со членот 10 став (6) од Законот за буџети, како и за условите за привремено отстапување за инвестиции согласно со членот 10 став (7) од Законот за буџети;· спроведувањето корективни мерки наведени во членот 10 ставови (4) и (8) од Законот за буџети.