Долгогодишните заложби на Стопанска банка АД-Скопје за промоција на инклузијата на лицата со пречки во развојот во сите општествени сфери преку конкретни проекти со кои се подобруваат условите за учење, социјализација и развој, продолжуваат и оваа година со исто темпо.
Поддршката на инклузивните проекти е значаен дел од корпоративната култура на Стопанска банка преку долгогодишната кампања „Сонуваме.Менуваме“, која на крајот од оваа година ќе се заокружи со музичко-театарскиот спектакл „Необичен ден“ во кој главните ликови се омилените јунаци од „5+ Фамилија“ заедно со деца со попреченост. Skopjeinfo