Македонската компанија Виталиа, добро позната по своите иновативни производи кои спојуваат здравје, вкус и практичност, официјално започна со продажба и на унгарскиот пазар.
На унгарските потрошувачи им се понудени три клучни продукт линии: гранола без додаден шеќер, која нуди полн вкус без компромиси; протеинска гранола, формулирана за активни луѓе и љубители на балансирана исхрана; и кето гранола, со низок удел на јаглехидрати, идеална за следбениците на кето или low-carb начин на живот. Biznisvesti