Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска слета на Гренланд и се сретна со американските војници во воената база Питуфик на северозападниот дел на островот.
Висока делегација на американски официјални претставници ќе го помине петокот во оддалечена воена база на Гренланд, што се смета за најнова манифестација на американски притисок на ретко населената полуавтономна данска територија, пренесува Би-би-си. Американската група ги вклучува потпретседател Џеј-Ди Венс и неговата сопруга Уша, советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајкл Волц, секретарот за енергија Крис Рајт и републиканскиот сенатор Мајк Ли од Јута.
Американскиот заменик-претседател Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша денес отпатуваа за Гренланд, чекор што предизвика дипломатски напнатости, пренесе ДПА.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека ќе го зајакне военото присуство на Русија на Арктикот, предупредувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп е „сериозен“ во намерата да го преземе Гренланд.