САД и Кина се договорија меѓусебно да ги намалат царинските стапки за 115 отсто на увезените производи за период од 90 дена, изјави денеска во Женева американскиот министер за финансии Скот Бесент, пренесува „Гардијан“.
Aмериканскиот специјален претставник за трговија Џејмисон Грир изјави дека САД и Кина постигнале „договор“ за време на трговските преговори во Швајцарија, при што најави дека повеќе информации ќе бидат објавени утре, пренесе ДПА.
Разговорите меѓу Кина и САД во Женева, во обид да се реши трговската војна меѓу двете земји, беа прекинати во саботата вечерта и ќе продолжат во недела наутро, пренесува AFP.