Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во вечерашното гостување во “Само Интервју”, детално објасни зошто Владата одлучи жлезницата од коридорот 10 да се гради преку пари од заем, наместо преку Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека сериозно се разговара со Велика Британија за три категории на граѓани да бидат ослободени од вадење визи.
Има физибилити студија за брзата пруга од Коридорот 10 и таа е испратена до финансиските институции, изјави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Каматната стапка за финансирање на проектите ќе биде најниска видена досега, а исто така и рокот на враќање на кредитите ќе биде најдолг досега, потенцира вицепремиерот Николоски во "Само Интервју" на Канал 5. Тој истакна дека изложеноста на кредитниот рејтинг на Велика Британија на меѓународниот пазар е гарант дека Македонија ќе добие најповолна каматна стапка со најголема рочност.