Земјите членки на ЕУ ги сметаат за апсолутно неприфатливи и неоправдани најавите од викендов на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на царини од 30% за европските стоки од 1 август, изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.
Доналд Трамп со најавената царина од 30% на европскиот извоз би можел „практично“ да стави крај на трговијата меѓу ЕУ и САД и да го означи крајот на трансатлантската економска врска „како што ја знаеме“, изјави еврокомесарот за еконимија, Марош Шефчович, во понеделникот, . Шефчович рече дека последната закана на американскиот претседател, објавена во саботата, би имала „супер негативни“ последици доколку стапи во сила на 1 август бидејќи ќе ги обесхрабри европските извозници да испорачуваат стока во САД.