Нашата најголема фармацевтска компанија, „Алкалоид“ ад Скопје и во минатата 2024 година оствари одлични деловни резултати, со рекорден извоз од 210,5 милиони евра, инвестиции од 23,3 милиони евра и со 253 нови вработувања во земјава, покажуваат финансиските извештаи за периодот јануари – декември 2924 година, што ги објави компанијата на интернет страницата на Македонската берза.
Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2024 година продажбите достигнуваат 13.433.299.470 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.