Саем на македонска традиционална храна се одржува денеска во Скопје, во организација на Националната федерација на фармери (НФФ), со поддршка од Шведска и We Effect, преку проектот за јакнење на малите фармери и нивните пазарни врски.
Во Скопје Сити Мол денеска од 10:00 до 19:00 часот ќе се одржува Саем на македонска традиционална храна „Дојди, пробај, уживај!“. Саемот е организиран од Националната федерација на фармери (НФФ) и Скопје Сити Мол и е дел од манифестацијата „City Bazar“.