Со благослов на Високопреосвештениот Митрополит на Американско-канадска Македонска Православна Епархија г. Методиј, на 29 март 2025 година, во Македонскиот православен епархиски храм „Св. Климент Охридски“ – Торонто, во организација на сите Македонски православни цркви во Канада, се одржа голем хуманитарен настан за собирање финансиски средства за настраданите во трагичниот пожар во Кочани, пишува Литургија.