Во текот на претстојниот викенд, Дајмонд мол ќе биде место каде низ забава, децата ќе се едуцираат за особено значајни еколошки теми и каде граѓаните ќе можат да го рециклираат текстилниот отпад и да бидат сигурни дека придонесуваат за заштита на животната средина.
Под мотото , на 17. и 18. мај, Дајмонд мол организира низа активности за подигнување на свесноста за повторна употреба и рециклирање на отпадот, со цел да се изградат еколошки ставови, особено кај помладите, и преку тоа да се придонесе кон намалување на текстилниот и други видови отпад.