До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани за околу година и пол.
Новиот закон за енергетика го имплементира европското acquis и го транспонира пакетот за чиста енергија, што значи дека се прифаќа сè што е добра пракса од Европската Унија, изјави денес министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.„Во Законот има многу новини, а најважно за граѓаните е што ќе има нови паметни броила за електрична енергија, од кои 80 проценти мора да се набават во рок од осум години, а 100 проценти во рок од 10 години.