Затоа инвестициите во преносната и дистрибутивната мрежа се наш апсолутен приоритет – рече Божиновска, најавувајќи нов 10-годишен план за развој на мрежата и воведување на батериски системи за складирање на енергија како задолжителен дел за сите нови капацитети.
На форумот се дискутираше и за нови можности за италијанските компании во областа на енергетиката и инфраструктурата, а беа отворени теми за регионално поврзување, заеднички проекти и засилување на јавните и приватните партнерства во духот на зелената транзиција. Plusinfo