Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2025 година достигнала рекордни 260.379.123 денари или 4,2 милиони евра што претставува значително зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога биле наплатени 133.576.534 денари или 2,1 милиони евра. Plusinfo
Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи: засилени инспекциски контроли: редовни и вонредни теренски проверки за обезбедување усогласеност со законските обврски, писмени опомени и санкции: испратени се предупредувања до концесионерите за навремено подмирување на обврските, со едностран раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите.
Во тек се постапки за раскин на уште десетина договори. Nezavisen