Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не се согласува со изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека нема глад во Газа, откако се состана со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска.
Ирскиот музичар Боб Гелдоф, организаторот на „Live Aid“ во 1985, трансатлантскиот концерт на кој се собраа милиони за помош во борбата против гладот во Етиопија, ги обвини израелските власти дека „лажат“ за гладот во Газа, по изјавата на портпаролот на израелската влада, Дејвид Менцер, кој претходно изјави дека палестинското милитантно движење Хамас „го изгладнува сопствениот народ“ и дека Израел не е одговорен за масовното гладување во Газа.
Израелската армија ги одведе новинарите на граничниот премин Керем Шалом за да покаже дека хуманитарна помош чека на палестинската страна за преземање.
Израелските одбранбени сили објавија дека ќе започнат „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области на Појасот Газа, како дел од мерките за справување со влошената хуманитарна ситуација.