Каматните стапки остануваат непроменети, односно каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 5,35 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 3,95 отсто и 4 отсто соодветно.
Народна банка ги задржа каматните стапки непроменети, на редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на НБ што се одржа вчера.