На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на другите валути значително се зголеми минатата недела, иако движењата беа обележани со големи флуктуации, главно поради шпекулациите за можно намалување на каматните стапки од страна на американската централна банка, објавува „Хина“.Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте главни светски валути, порасна за еден процент минатата недела, на 98,70 поени.
Минатата недела цените на акциите на светските берзи забележаа остар пад, откако Вашингтон воведе високи царини за увоз од земјите со кои до 1 август не постигна трговски договор.