За првпат во законската регулатива се предлага да се воведе законски рок за административната постапка за издавање дозволи за поставување кровни фотоволтаици за потрошувач – производител.
Овие измени се предвидуваат во предлозите за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ги објави на ener.gov.mk Рокот од еден месец ќе се однесува на постапката за издавање дозвола за поставување соларна опрема со капацитет до 100 kW, како и за потрошувач-производител на обновлива енергија и за заедници на обновлива енергија. Плусинфо