Во август годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,9 отсто и е намалена за 0,01 процентен поен (п.п.) на месечно ниво и 0,54 п.п. на годишна основа. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечен пад од 0,02 п.п., при годишен раст од 0,23 п.п. и изнесува 2,19 отсто, информира Народната банка (НБ) Во август годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,9 отсто и е намалена за 0,01 процентен поен (п.п.) на месечно ниво и 0,54 п.п. на годишна основа. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечен пад од 0,02 п.п., при годишен раст од 0,23 п.п. и изнесува 2,19 отсто, информира Народната банка (НБ). При тоа, како што се посочува, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити е повисока за 0,06 п.п. на месечна основа и изнесува 4,48 отсто, додека на годишна основа е намалена за 0,56 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,06 отсто и оствари месечен пад од 0,29 п.п. и годишен од 0,37 п.п.. -Во август 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,52 отсто и е намалена за 0,02 п.п. на месечна основа.