Карлос Алкаразе новиот шампион на САД Опен, откако во финалето на стадионот „Артур Еш“ го совлада светскиот рекет број еден, Јаник Синер, со резултат 6:2, 3:6, 6:1, 6:4 и така дојде до својата втора титула во Њујорк, откако претходно првпат пат славеше во 2022 година. Ова беше меч каков што сите посакуваа, дуел на двајцата најдобри на планетата во овој момент, спектакл што ги оправда очекувањата.