КАРОЛ НАВРОЦКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПОЛСКА Вториот круг му донесе победа Изборната комисија изјави дека Навроцки освоил 50,89% од гласовите, или 10.606.628 гласови, додека неговиот ривал Рафал Тржасковски освоил 49,11%, или 10.237.177 гласови, објавија полските медиуми.
Полјаците рано утринава почнаа да гласаат на многу неизвесните претседателски избори кои во голема мера ќе влијаат на улогата на земјата во Европа и на правото на абортус и правата на ЛГБТК луѓето, јави Н1. Проевропскиот градоначалник на Варшава, Рафал Трзасковски (53), сојузник на центристичката влада, се соочува со националистичкиот историчар Карол Навроцки (42). Анкетите предвидуваат исклучително тесна трка помеѓу Навроски со 50,1 процент и Тржасковски со 49,9 проценти, што е мала разлика во рамките на маргината на грешка.