Примирјето во Појасот Газа никогаш не било поблиску по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, со кој започна крвава војна во енклавата.
Лидерите на Хамас се блиску до прифаќање на предложениот договор за прекин на огнот во Газа, но сакаат посилни гаранции за траен крај на 20 месечната војна, додека Нетанјаху се подготвува да лета за САД на разговори со Трамп, пренесува „Гардијан“.
Палестинското движење Хамас се обидува да обезбеди дека новиот американски предлог за прекин на огнот во Појасот Газа ќе доведе до крај на војната, соопшти синоќа групата.
Израел го разгледува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади во кои, според палестински извори, денеска биле убиени најмалку 40 луѓе.