Пејачот Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли Бибер не се видени заедно долго време и се шпекулира дека не се во добри односи, а неговата нова објава дополнително ги разгоре овие сомнежи, барем кај некои обожаватели кои се прашуваат која е жената со која е фотографиран. Reporter
Со оглед на тоа што фотографиите се доста заматени, лицето на жената на фотографијата не е јасно видливо, што им остави простор на фановите на Џастин за сомнеж, а тој доби коментари: „Таа не личи на Хејли“, „Која е девојката на фотографијата?“, „Тоа не е Хејли“, „Дефинитивно не е Хејли, отворете ги очите“… Сепак, повеќето веруваат дека фотографиите се навистина од Џастин Бибер и неговата прекрасна сопруга Хејли, иако таа не беше тагирана во објавата, ниту пак ги објави фотографиите на својот Инстаграм профил.
Бибер го тагираше својот бренд, но тоа е сè… Додека некои се скептични, други, кои сè уште се мнозинство, се согласуваат дека е убаво да ги видиме повторно заедно по долго време. Reporter