„Јавното обвинителство тврди дека на 22 ноември минатата година, околу полноќ, автомобилот кангу бил паркиран во дворот на Велибор Видевски во Велес, а на снимката од Сејф сити, на првото ЦД, камера број 67, јасно се гледа дека истото тоа возило се движи низ Скопје“.
Со изведување на докази од страна на одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
На денот на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, обвинетиот Љупчо Палевски тврди дека бил во експозитурата на Халк банка во Буњаковец.