Тренерот на Црвена звезда, Владан Милојевиќ, изрази силна желба за обнова на регионална фудбалска лига меѓу клубовите од поранешна Југославија, искажана по синоќешниот хуманитарен натпревар во Скопје, каде неговиот тим го совлада Вардар (3-1). Тој потенцира дека оваа средба пробудила носталгија кај него.
Црвена Звезда славеше против Вардар со 3-1 на Националната Арена „Тодор Проески“ во хуманитарен натпревар, а по мечот изјава даде тренерот на српскиот тим Владан Милојевиќ.